Берт Стерн – Ретроспектива
•
3 јули 2013
Добро познатиот моден фотограф на на американскиот Vogue во 1950-тите и 1960-тите години Берт Стерн почина на 83 годишна возраст. Најпозната негова фотосесија се сликите направени од светски позната икона Мерилин Монро, едиторијал изработен шест недели пред нејзината смрт. Неговиот едноставен, а истовремено ефектен стил на правење фотографии е пример на многу современи фотографи. Во галеријата направивме една ретроспектива на работата на овој легендарен фотограф.