Безвременски комбинации од „The Devil wears Prada“

25 мај 2017

Еден од оние култни модни филмови кои се „задолжително четиво" за сите љубители на модата е блокбастерот „The Devil wears Prada".

Покрај перфектниот кастинг на улогите, главната модна уредничка Миранда (Мерил Стрип) и нејзината асистентка Енди (Ен Хатвеј), во филмот клучни се неколку значајни моменти, меѓу кои и совршениот избор на стајлинзи, што со оглед на темата на филмот се подразбираат.

Се работи за непогрешен избор на аутфити што важат за безвременски и се актуелни независно од моменталните тенденции. Како такви се издвојуваат: елегантниот макси црн фустан, капутот со крој што ја следи женската силуета, елегантниот костум во пруги, баде мантилот, белиот капут на врзување...

 

Објавено:
25 мај 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
960 пати