Бијонсе бремена со четвртото дете?

13 јули 2018

Деновиве обожавателите на пејачката сè повеќе коментираат дека таа е бремена со четвртото дете, а шпекулациите таа дополнително ги „разгоре“ на концертот во Рим кога неколку пати го помилува нејзиниот стомак.

На концертот таа се појави во тесно светкаво фустанче на Балман во кое навистина изгледаше како да е бремена, а насмевката на нејзиното лице додека го допираше стомакот предизвика уште повеќе коментари.

Неодамна, таа се појави во широк фустан на Долче и Габана на прошетка во Кан со нејзиниот сопруг и трите деца, со што предизвика уште поголема мистерија.

Фустанот беше широк во пределот на стомакот, па нејзините обожаватели не ја пропуштија шансата на социјалните мрежи да напишат дека нешто дефинитивно се случува.

Моментално, двојката е на заедничка европска турнеја која започна на 6 – ти јуни, а ќе заврши на 17 – ти со концерт во Ница.   

Објавено:
13 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.202 пати