Таа дефинитивно е најголемото име кога е во прашање новото остварување на „Кралот Лав“, па сосема очекувано беше Бијонсе да предизвика најголемо воодушевување кога вчеравечер се појави на премиерата.

Музичката дива дојде заедно со нејзината седумгодишна ќерка Блу Ајви, со која дури носеа исти здолништа од тул, а пејачката блесна во светкаво палто на Александар Меквин.

Бијонсе, која во филмот ја толкува улогата на Нала, комбинацијата ја надополни со сребрени сандали на висока потпетица, дијамантски накит и впечатлива фризура и шминка.

Нејзината ќеркичка, изгледаше подеднакво стилски во исто здолниште од тул комбинирано со бела кошулка и црно палто, надополнети со светкави обетки и слатки пунџи.

Подеднакво стилски беа и останатите актери од екипата, со популарниот Доналд Гловер во прв план кој ја толкува улогата на Симба во филмот.

На премиерата тој се појави во црвено – бел кариран костум со бела кошула и кафени чевли и како и секогаш, изгледаше ултра стилски.

Очекувано, музиката за филмот ја направија Бијонсе и Доналд Гловер, со помош од единствениот Фарел, а продуцентите ќе кажат дека во филмот е вложено толку многу, што едноставно тој веќе е огромен хит.

Светската премиера на филмот низ кината се очекува да се случи на 19 – ти месецов.

Објавено:
10 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.860 пати