Бијонсе и војвотката од Сасекс, Меган Маркл вчеравечер беа во центарот на вниманието на британската премиера на долгоочекуваниот филм, „Кралот лав“.

Сосема очекувано, сите погледи беа свртени кон двете прекрасни дами кои во Лондон пристигнаа со своите сопрузи, принцот Хари и Џеј Зи.

Според медиумите, ова е прв пат двете дами да се сретнат во живо, иако многупати досега и двете се под држувале меѓусебно.

На премиерата двојките одвоија време и малку да поразговараат, па така во еден момент Џеј Зи им посочи дека најдобриот совет што може да им го даде како нови родители е тоа дека секогаш треба да најдат време за себе.

Иако во моментов Меган е на породилно отсуство од кралските обврски, викендов беше исполнет за неа, откако се појави на женското финале на Вимблдон заедно со Кејт и Пипа Милдтон да ја поддржи нејзината пријателка, Серена Вилијамс.

Шармантната војвотка на премиерата се појави во елегантен црн фустан со транспарентни ракави од колекцијата на Џејсон Ву, надополнет со чантичка од Диор која чини 1.680 долари и високи потпетици од нејзиниот омилен бренд Аквазура.

Подеднакво впечатлива беше и Бијонсе која во филмот го позајмува гласот на Нала, која за пригодата одбра жолта креација со длабок отвор на едната нога и високи потпетици, додека нејзиниот сопруг Џеј Зи се појави во елегантен црн костим.

На премиерата имаше и огромен број познати ѕвезди меѓу кои и Елтон Џон кој испеа една од песните за филмот, а во Лондон пристигна со неговиот сопруг.

Кралската двојка дефинитивно беше во центарот на вниманието, па така речиси целата екипа и сите присутни сакаа да се запознаат и да се дружат со нив.

Дел од атмосферата на британската премиера на „Кралот лав“ можете да погледнете погоре во галеријата, во исчекување на македонската што треба да се случи за неколку дена.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
15 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.487 пати