Прекрасната Дајана Рос вчеравечер го прослави 75 – тиот роденден, а сосема очекувано, на забавата се собраа некои од најпознатите светски ѕвезди.

Иако Бијонсе е позната по тоа дека не се појавува многу често по вакви забаваи, таа направи исклучок за фантастичната дама и дефинитивно беше ѕвезда на вечерта.

Во еден момент, со песна ѝ го честиташе роденденот, а до неа беа некои од најпознатите пејачи меѓу кои и Пи Диди.

На забавата се појавија и сестрите Кардашијан, но дефинитивно Клои и нејзината мајка оставија најголем впечаток.

Крис Џенер се појави во прекрасен темно зелен фустан со долги ракави и шлиц, додека нејзината ќерка во ракошна златна креација со акцент на фризурата која неодоливо потсетуваше на онаа што Дајана ја има целиот нејзин живот.

Забавата на музичката дива беше крунисана со специјален концерт во Холивуд Паладиум, каде откако Бијонсе и посака среќен роденден, таа имаше пригоден говор преку кој им се заблагодари на сите нејзини блиски и соработници.

Прекрасната Дајана за нејзината забава одбра раскошен портокалов фустан со обетки во иста боја, додека подоцна се појави во сребрен светкав фустан во кој буквално блескаше.

 
 
 
View this post on Instagram

#PressPlay: #TSRBirfdayz—#Beyonce sings happy birthday to #DianaRoss at her 75th birthday party!

A post shared by The Shade Room (@theshaderoom) onMar 26, 2019 at 10:37pm PDT

Погледнете го видеото.

 

Инфо и фото: Daily Mail, Hot New Hip Hop

Објавено:
27 март 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
351 пати