Бијонсе лансираше маички со наслови од нејзини песни

11 јуни 2014

Одлични вести за сите големи обожаватели на црномурестата Queen B. Албумот што мега популарната пејачка Бијонсе го издаде пред некое време не морате само да го слушате, можете да го носите и на себе. Да добро слушнавте, ѕвездата го објави лансирањето на маички на кратки ракави, кои се специјално дизајнирани и на нив има натписи на две песни од нејзиниот последен албум.

Маичките можете да ги купите на официјалната веб страница на пејачката. Едната маичка е во бела боја, на ракавите има апликација од сурфер и даска за сурфање и натпис со црни букви во долниот дел на маичката кој пишува „Surfboard“ и претставува метафора за песната „Drunk in love“. Патот на љубовта е асоцијација на патот кој го поминува сурферот, скротувајќи ги големите бранови со помош на својата даска. Другата маичка пак, е во црна боја, ракавите и се украсени со апликација на цреши и има натпис „Blow“. Погледнете ги и кажете ни дали ви се допаѓаат?

Објавено:
11 јуни 2014
Категорија: 
Сцена