Тие се дефинитивно една од најпопуларните двојки на светот, па воопшто не е чудно што целото внимание е насочено кон нив каде и да се појават.
Бијонсе и Џеј Зи изгледаа одлично во шармантните пастелни комбинации во кои се појавија на коктелот пред Греми наградите.
Познатата пејачка на настанот се појави во мини фустанче од последната колекција на Балман со драматични асиметрични рамена, ремен на половината и карнер од едната страна.
Фустанот беше одлично надополнување на дводелниот син костим на Џеј Зи, а стајлинзите двојката ги надополни со стилски очила за сонце.
Пејачката сподели неколку фотографии на нејзиниот Инстаграм профил, а обожавателите не можеа, а да не ги забележат и транспарентните сандали со нејзината буква кај потпетицата.
Дека тие се навистина ултра позната двојка и се обожувани од сите, докажа и тоа што дури и нивните колеги сакаа да се фотографираат со нив.
Инаку, тие беа номинирани за три награди на Греми манифестацијава годинава, но не се појавија на доделувањето.
View this post on Instagram
Инфо и фото: Harpers Bazaar