Бијонсе во фустан од Гучи го претстави својот нов парфем

20 јуни 2014

Пејачката го претстави петтиот  парфем од својата франшиза „Heat“. Американската музичка ѕвезда која магазинот Time ја стави на насловната страна за изданието посветено на највлијателните личности во светот, го претстави својот нов парфем „Wild Orchid“, мирис кој во соопштението ја означува жестоката женствена енергија.

Мирисот го потпишува познатата либанска парфумерка Хонорин Бланк, а за рекламната кампања Бијонсе позираше пред објективот на фотографот Мајкл Томпсон, облечена во раскошен црн фустан од есенската колекција на Гучи за 2013 година. Само за потсетување, првиот парфем од серијата „Heat“, Бијонсе го лансираше во 2010 година.

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Сцена