Бланшет, Бекам, Мидлтон - Познатите нè инспирираат што да носиме првите есенски денови

19 август 2019

Стилските дами честопати ни се инспирација во различен контекст, а се разбира особено во моден.

Нема ништо лошо во момент на недостаток на инспирација, да погледнеме што во актуелната сезона носат жените што важат за модно освестени.

Секогаш имајќи ги во предвид нашиот личен стил, имиџ, конструкција на телото, може да примениме по некој трик што и самите икони на стилот го користат.

Во пресрет на новата сезона, побаравме идеи за тоа што да облечеме првите есенски денови, кај познатите стилски дами: Кејт Бланшет, Викторија Бекам, Кејт Мидлтон, Џиџи Хадид, Оливија Палермо...

Секоја од нив различна, како што е различна и секоја од вас, ама со една заедничка карактеристика – јасно изграден стил.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
19 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.510 пати