Блејк Лајвли повторно бремена – го очекуваат четвртото дете со Рајан Рејнолдс

16 септември 2022

Холивудската актерка Блејк Лајвли повторно е бремена. Заедно со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс го очекуваат четвртото дете. Убавата вест беше потврдена на настанот „Forbes Power Women's Summit" во Њујорк каде таа позираше во мини ретро фустан во стилот на 60-те од Валентино, покажувајќи го трудничкото стомаче.

Парот кој никогаш не ја криеше желбата дека сакаат големо семејство, веќе има три деца заедно: Џејмс (7), Инес (5) и најмалата Бети (2).

И во претходните три наврати додека беше во блажена состојба, 35-годишната Блејк прикажа одличен труднички стил, а веруваме дека нема да биде ништо поинаку и со четвртата бременост.

 

Објавено:
16 септември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
736 пати