Појавувајќи се во креација на Мајкл Корс на црвениот ќилим на хуманитарната забава во Њујорк минатата недела, Блејк Лајвли покажа дека тоа што е бремена нема да и' го одземе епитетот модна икона.
Иако не се појавува премногу често во јавноста, секое нејзино појавување откако е бремена, предизвикува воодушевување кај љубителите на модата и нејзините обожаватели.
-Отсекогаш посакував да бидам мајка. Не знаев што сакам да работам кога ќе порасна, но знаев дека сакам да имам многу деца, бидејќи и самата доаѓам од големо семејство. Тоа отсекогаш било важно за мене. Не сум збунета или исплашена од мајчинството, одам и на вежби. Но, сум многу возбудена што конечно ќе се оствари таа моја желба - изјави актерката за „Пипл“.
Исто така, додаде стилот нема да трпи:
-Ќе го „надоградам“ мојот стил со парчиња што се растегаат. Таквиот материјал и парчињата изработени од него се супер, бидејќи можат во секое време да ме „соберат“.
Какви и да и' се модните трикови, успеваат, бидејќи Блејк и бремена изгледа беспрекорно.