Блејк Лајвли во совршено издание на ревијата на Мајкл Корс

15 февруари 2018

Триесетгодишната актерка и млада мајка, Блејк Лајвли, беше во фокусот на вниманието на вчерашната ревија на Мајкл Корс во рамките на Њујоршката модна недела.

Таа беше една од гостинките во првите редови на модното шоу, а особено беше впечатлива за модните медиуми со оглед на тоа дека беше една од најдобро облечените, во духот на Валентин.

За оваа прилика таа одбра капут од лакирана кожа во изразена црвена боја, со ремен што го нагласува струкот, се разбира со потпис на Мајкл Корс.

Стајлингот идеално е заокружен со Лубутан високи потпетици и црвена чанта со кратка рачка.

 

 

Објавено:
15 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
859 пати