„Боемска рапсодија“ ги спои: Романсата на Рами Малек и Луси Бојнтон

11 јануари 2019

Рами Малек е новата ѕвезда на Холивуд. „Боемска рапсодија" му донесе Златен глобус за најдобар актер за 2018 година (до сега), интернационална слава, но и голема љубов!

Романсата од филмското платно, премина и во реалниот живот и ја запали искрата меѓу младите актери што ги толкуваа улогите на Фреди Меркјури и неговата муза Мери Остин, веќе големата филмска ѕвезда Рами Малек и Луси Бојнтон.

Вестта за нивната врска во април минатата година ја објави магазинот „Us Weekly".

„Тие се запознаа на снимањето на „Боемска рапсодија". Рами навистина е многу заљубен во неа. Постојано ја посетува во Лондон", вели изворот за магазинот.

Иако досега јавноста можеби и не беше запозната со големата холивудска романса, периодов откако започна сезоната на доделување филмски награди, се почесто ги гледаме заедно, што е дополнителна причина медиумите се повеќе да пишуваат за нив.

„Боемска рапсодија" е биографска сторија за еден од најголемите, ако не и најголемиот фронтмен, Фреди Меркјури. Филмот ужива неверојатна популарност, а критиките го посочија 36-годишниот Рами Малек како фантастичен актер кој достојно го портретираше комплексниот лик на Фреди. Со оглед на тоа дека допрва следуваат и најпрестижните филмски награди, периодов ќе биде навистина возбудлив за фановите на Рами.

 

Објавено:
11 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.620 пати