Богата филмска и модна викенд програма во Кан

19 мај 2014

Француската ривиера изминатиов викенд дишеше во духот на ѕвездениот шарм. Богатата филмска програма на црвениот килим донесе многу холивудски диви кои што достојно одговорија на модниот предизвик и се претставија во најдобро модно светло.

Пресот на филмот „Captive“ со Рајан Рејнолдс, Розарио Досон во креација на Спормакс и Мирел Енос во фустан на Долче и Габана Пресот на филмот „Captive“ со Рајан Рејнолдс, Розарио Досон во креација на Спормакс и Мирел Енос во фустан на Долче и Габана

Плејада од фустани потпишани од најголемите дизајнерски имиња, накит, чевли и модни додатоци внимателно одбрани и комбинирани да соодветствуваат како со дневните модни изгледи, така и за вечерните. Класиката и едноставноста беа карактеристиките со кои што се одликуваа креациите на познатите за време на дневните пресови, додека за вечерните појавувања, раскошот и гламурот беа заштитниот знак на повеќето филмските ѕвезди. Покрај актери и актерки, на црвениот килим продефилираа и голем број личности од различни сфери на општеството.

Вечерна премиера на „Captive“. Рајан Рејнолдс со својата сопруга Блејк Лавли која носи креација на Gucci Premiere. Вечерна премиера на „Captive“. Рајан Рејнолдс со својата сопруга Блејк Лавли која носи креација на Gucci Premiere.

Ноќта на 17-ти мај беше резервирана за филмот „Captive“, во кој главната улога ја толкува актерот Рајан Рејнолдс. Ова беше одличен повод на црвениот килим да ги видиме конечно рака под рака славните сопружници Рајан Рејнолдс и Блејк Лавли која што се појави во раскошна монохроматска варијанта на тоалета, потпишана од Gucci Première. Лавли деновиве на сите во Кан им покажа како треба да изгледа една холивудска дива.  Рајан пак, на вечераната премира се појави во црн костум, надополнет со сатенски ленти долж панталоните и реверите, бела кошула и бела пеперутка вратоврска.

Розарио Досон во креација на Долче и Габана Розарио Досон во креација на Долче и Габана

На премиерата на филмот присуствуваа и актерката Росарио Досон која што за вечерниот стајлинг избра да носи долга тантелна креација во бела боја,  украсена со цветни  апликации во црна нијанса. На дневната прес конференција актерката носеше коктел фустан на Спортмакс и чевли на Бјонда Кастања, додека нејзината колешка Мирел Енос, бел коктел фустан со цветни апликации на модното дуо Долче и Габана. Ѕвездата на филмот Рајан Рејнолдс се појави во неверојатно лежерна варијанта кој што беше сочинета од кафено сако, сива кошула, сини панталони и кафени чевли.

Дневен прес на филмот „The Salvation“ Хавиер Бардем, Ева Грин и Џефри Дин Морган и Мадс Микелсон. Дневен прес на филмот „The Salvation“ Хавиер Бардем, Ева Грин и Џефри Дин Морган и Мадс Микелсон.

Во рамките на 67-мото издание на Канскиот филмски фестивал на 17-ти мај свои промоции имаа уште неколку филмови меѓу кои: „Salvation“, на режисерот Кристијан Левринга, каде главните улоги ги толкуваат Мадс Микелсен, Џефри Дин Морган, Хавиер Бардем и Ева Грин. На дневната прес конференција актерите Дин Морган и Микелсен се одлучија за малку по лежерна варијанта на кошула и фармерки, Хавиер Бардем презентираше малку поофицијален стајлинг носејќи класични панталони сако и елек во сива боја и бела кошула, додека за вечерашната премиера останаа доследни на костумите и го испочитуваа официјалниот дрес код што го наметнува оваа манифестација . Највпечатлива помеѓу овие џентлемени беше актерката Ева Грин која за дневниот прес одлучи да носи црни панталони со висок струк и тантелна блуза на долги ракави, дело на Ели Саб, додека за вечерната премиера на филмот одлучи да блесне во црвена креација на Elle Saab Couture.

Потоа, следува филмот кој што преку својата содржина се обидува да ја открие главната интрига анализирајќи го животот и делото на модниот дизајнер Ив Сен Лоран. Филмот што според филмската критика е окарактеризиран како ремек дело е во режија на Бертран Бонело. Главните улоги во филмот ги толкуваат Леа Сејду која што на прес конференцијата и на вечерната премиера блесна во креации на модната куќа Прада, а помеѓу присутните ги видовме и Амира Касар, Емелин Валад, Џереми Рение и Гаспар Улел, како и режисерот Бертран Бонело.

Селма Хајек на премиера на анимираниот филм „The Prophet“ во креација на Сен Лоран Селма Хајек на премиера на анимираниот филм „The Prophet“ во креација на Сен Лоран

Истовремено со премиерата на филмот за култниот дизајнер Сен Лоран, премиера имаше и анимираниот филм „The Prophet“. Временската разлика помеѓу прикажувањата на овие два филма беше само половина час, но тоа не ги спречи гостите и славните личности заедно да ги поделат впечатоците на црвениот килим. Највпечатлива беше главната хероина во цртаниот филм „The Prophet“, актерката Селма Хајек, која што на дневниот прес носеше креација на Ботега Венета, а за вечерната премиера се одлучи за магента розова долга тоалета на Сен Лоран. На црвениот килим за време на премиерите ги видовме и Фрида Пинто во пердувеста креација на Мајкл Корс, Наташа Поли во црн фустан со принцес конструкција на Оскар де ла Рента, неодоливата Изабели Фонтана во жолта креација на Туфи Дуек, преубавата актерка Ева Лонгорија во тоалета на Габриела Каден и накит на Дамиани, легендарниот режисер Роман Полански, екстравагантниот моден дизајнер Жан Пол Готје и многу други.

На премиерата на филмот „The Disappearance Of Eleanor Rigby“ На премиерата на филмот „The Disappearance Of Eleanor Rigby“

Саботното издание на Канскиот филмски фестивал навистина понуди интересна агенда на филмови, но и неделната програмска шема беше исто толку инвентивна. Во истиот брз ѕвезден ритам во полн сјај поминаа и неделните премиери. За старт на неделата своја промоција имаше филмската драма „The Disappearance of Eleanor Rigby“во режија на Нед Бенсон. Главните улоги ги толкуваат шармантната Џесика Честејн која што на пресот одбра да носи креација на Александар Меквин, а на вечерната премиера блесна во тоалета во кралско сина нијанса, дело на модната куќа Версаче. Нејзината колешка Џес Векслер, на дневниот прес дојде во пастелно розов коктел фустан на Honor, и сребрени сандали на Џими Чу, додека за премиерата одбра да носи креација на Мартин Грант.

Моника Белучи во Долче и Габана Моника Белучи во Долче и Габана

Неделата, беше денот кога во Кан допатува и најубавата италијанска жена, актерката Моника Белучи за премиерата на филмот „Miracles“, каде што таа ја толкува главната улога. За позирањето пред медиумите на пресот што се одржа непосредно пред премиерата Белучи носеше припиен црвен фустан во црвена боја и црни точки, со должина до глужд, на модниот двоец Долче и Габана, едноставна фризура на патец, минимална шминка и чевли на Кристијан Лубутан. За вечерната премиера Моника повторна одбра креација на Долче и Габана. Станува збор за тантелен фустан во принцес крој и чевли повторно на Лубутан. Единствениот експеримент кој што го направила актерката е што се појави со сосема нова фризура. Таа на вечерната премиера имаше шишки и посветли прамени во косата.

Прес на филмот „Local“ Прес на филмот „Local“

Новиот филмски проект „Local“ потпишан од легендарниот актер Томи Ли Џонс ја заокружи официјалната програма за викендот. Во него главната улога и е доверена на виртуозната Хилари Свонк која на прес конференцијата пристигна во пастелен коктел фустан дело на модната куќа Ботега Венета, а за вечерната премиера се одлучи за креација на модната куќа Версаче. Помеѓу присутните на премиерата беа и Фрида Пинто која носеше раскошна црвено-златна тоалета на Оскар де ла Рента, моделот Адријана Лима која што се појави во модел на Александар Вотиер и многу други.

Софи Мерсо и Џорџо Армани Софи Мерсо и Џорџо Армани

Во склоп со фестивалот овој викенд се одржаа и неколку забави. Првата организирана од Џорџо Армани, каде присуствуваа голем број познати личности, облечени во креации на кралот на модата, меѓу кои Наоми Вотs, Кејт Бланшет, Суки Ватер хаус, Софи Марсо, Клотилде Куро и други. Следната забава беше во организација на компанијата за накит Сваровски и модниот бренд Виктор и Ролф, на која што присуствуваа Паз Вега, Џулиен Мур и други. А последната ѕвездена дружба беше организирана од човекот кој што е познат по својот тесен круг на холивудски пријатели, продуцентот, писателот, режисерот и авторот Чарлс Финч. Инспириран од големиот број на ѕвезди кои што дојдоа да бидат дел од Канскиот филмски фестивал,Финч организираше елитна вечера. Меѓу присутните беа Наоми Вотс, Едвард Нортон, Алфонсо Куарон, Гема Артертон и други.

Забавата на Чарлс Финч, меѓу гостите Наоми Вотс и Едвард Нортон Забавата на Чарлс Финч, меѓу гостите Наоми Вотс и Едвард Нортон

По ѕвездена завршница на овој викенд останува да видиме во која насока ќе се одвиваат понатамошните премиери. Во продолжение не заборавајте да ја погледнете богата галерија на највпечатливите изгледи и да се инспирирате.

 

Објавено:
19 мај 2014
Категорија: 
Сцена