Болеста се врати: Џон Њуман ќе прави пауза од музиката

3 август 2016

Ова момче е дефинитивно еден од најдобрите музичари и вокали на денешницата, а неодамна имавме можност да го слушнеме и во живо на неговиот концерт во салата „Борис Трајковски“. 

Дека покрај одличните вокални способности, тој е еден неверојатно храбар и позитивен човек докажува и неговата борба со туморот кој му беше дијагностициран пред четири години, но за среќа истиот беше отстранет со операција. 

Извори блиски на пејачот деновиве информираа дека туморот се вратил и дека тој ќе мора на хемотерапија, поради што е можно пејачот да одмара една година од неговите музички обврски. 

„Болеста на Џон се врати... Тој дозна пред некое време, но сакаше сето тоа да остане во семејството. Она што е добро е дека туморот е бениген, иако докторите препорачуваат тој да оди на операција и да земе малку одмор од музиката. Иако тие рекоа дека туморот не е голем и операцијата може да почека неколку месеци, Џон сепак мора да одмара и да се подготви за истата“, вели изворот. 

Тој ќе каже и дека пејачот овој пат е многу посмирен од минатиот, со оглед на тоа што веќе еднаш поминал низ истото. 

„Првиот пат кога дозна за болеста, тој беше преплашен. Сега се чини дека е многу посмирен бидејќи минатиот пат сѐ помина добро. Му верува на неговиот тим доктори и е многу позитивен во врска со болеста“, посочува изворот за Дејли Мејл. 

Пејачот објави дека ја поразил болеста некаде во 2012 – тата година кога впрочем почна и неверојатниот подем во неговата кариера со огромните хитови како Feel the Love и Love me again. 

Тој ќе каже дека првиот момент кога излегол од операција го слушнал неговиот прв хит на радио по што си рекол дека тоа не можело да биде подобар тајминг. 

„Почнав да се смеам на глас и си реков дека тоа е смешно... не можеше да се случи во подобро време“, вели пејачот. 

Инаку, тој доаѓа од мал град во Британија, но долги години живее во Лондон каде се запознал со момците од Rudimental со кои ги направи и песните кои му го отворија патот во кариерата. 

Извор: Daily Mail

Објавено:
3 август 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.391 пати