Бред Пит елегантен и згоден во црно свечено одело на настан во Кина

21 ноември 2018

Веќе е познато дека Бред Пит ќе ја толкува главната улога во новиот филм на Квентин Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon A Time In Hollywood), заедно покрај Леонардо Дикаприо.

Изминатиов период беше актуелен во медиумите поради разводот со Анџелина Џоли, а неодамна го привлече вниманието пројавувајќи се на настан организиран од бренд за часовници, чие заштитно лице е „Breitling's Squadona Mission“, одржан во Пекинг.

Пит се појави во црно свечено кадифено одело, со сатенски детали на реверите и страничните делови на панталоните.

Косата му е малку пуштена, па многумина ги потсети на времето од 1990-тите кога таквата фризура беше негов чест избор.

Без разлика што оттогаш поминале повеќе од 2 децении, а актерот денеска има 54 години, сè уште изгледа одлично и го привлекува вниманието и на жените и на медиумите.

Инаку, во последната кампања за часовниците, покрај Бред Пит се појавуваат и Даниел Ву Јан Зу, кој исто така присуствуваше на настанот, потоа Шарлиз Терон и Адам Драјвер.

Како вам ви се допаѓа Бред во ова издание?

Објавено:
21 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
709 пати
Извор: 
daily mail