Бредли Купер и Бред Пит заедно на мечот на Ѓоковиќ и Медведев

13 септември 2021

Новак Ѓоковиќ не успеа да го освои 21 грен слем и покрај неверојатната желба. Поразот во финалето на US Open од Русинот Данило Медведев го прифати мошне тешко.

Медиумите будно го следеа она што се случува на теренот, но ништо помалку не беше интересно и на трибините.

Овој меч го следеа голем број познати личности, кои својата поддршка му ја дадоа на српскиот тенисер.

Меѓу присутните беше Алек Болдвин, кој е пријател со Ѓоковиќ и кој речиси и да не пропушта негов натпревар.

Но, веројатно, многу повеќе внимание привлекоа Бредли Купер и Бред Пит кои заедно го следеа овој спортски дуел.

До нив беше и Рами Малек, па заедно го коментираа мечот.

Во публиката беше и Бен Стилер, како и Леонардо ди Каприо, кој како да се обидуваше да се сокрие, но сепак беше фатен од камерите. Меѓу присутните беа и Линдзи Вон, Вера Ванг, Лупита Нјонго, Кејт Хадсон, Марија Шарапова и многу други... 

Погледнете:

Лупита Нјонго

Марија Шарапова

Бред Пит

Спајк Ли

Џејмс Корден

Вера Ванг и Линдзи Вон

 Кејт Хадсон

Објавено:
13 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.139 пати