Бредли Купер и ќерката Леа маскирани во „бабички“ за Ноќта на вештерките

1 ноември 2019

Актерот Бредли Купер ужива во друштвото на неговата двегодишна ќерка Леа де Сејн во секој слободен момент.

Така беше и за Ноќта на вештерките кога се појави на прошетка низ улиците на Њујорк облечен како баба, а во слична комбинација беше и малата Леа.

Истиот ден претходно, слатката Леа ја видовме облечена како Мини Маус со нејзината мајка Ирина Шајк која исто така ги носеше препознатливите парчиња на ликот од цртаните.

Костумите на Бредли и Леа иако едноставни, беа навистина интересни, а тие како двојка, едноставно неодоливи.

Највпечатлива кај Леа беше витканата перика во сива нијанса, а подеднакво сладок беше и цветниот фустан надополнет со шармантно розово џемперче.

Нејзиниот татко носеше долго здолниште во розова нијанса, бела кошула и широк кафен џемпер со перика во иста нијанса како на Леа.

Бредли и Ирина веќе подолго време се разделени, но и двајцата живеат во Њујорк поради заедничкото старателство на нивната ќерка.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
1 ноември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.196 пати