Бремената Доцен Крос откри дека чека девојче
•
24 март 2014
Холандскиот топ модел и ангел на „Викторија Сикрет“ се наоѓа во шестиот месец од бременоста, а на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која позира сосема гола, а притоа го покажува и зголемениот стомак. Таа не пропушти на своите обожаветели да им открие дека наскоро ќе роди девојче.
-Бремена сум веќе шест месеци и носам девојче, напиша славната манекенка под фотографија. Инаку, Доцен со сопругот Санери Џејмисон веќе го има тригодишниот син Филон.