Бремената Лив Тајлер на насловната на Town & Country

12 ноември 2014

Два месеци откако нејзиниот публицист ја потврди веста за бременоста, шармантната актерка Лив Тајлер реши да ја сподели својата радост за доаѓањето на второто дете со медиумите. 37 – годишната актерка која е во петтиот месец од бременоста за изданието декември  2014/јануари 2015 на списанието Town & Country вели дека и е необично забавно тоа што е повторно бремена и дека навистина и годат мајчинските хормони кои повторно ги чувствува како струјат низ нејзиното тело и целиот тој процес ја прави да биде подобра мајка на Мило, нејзиниот син, но и за бебето кое е на пат.

Доколку судиме по нејзиниот изглед ќе забележиме дека бременоста и прилега на Тајлер, која во едиторијалот на списанието блесна во гламурозна тоалета, дело на Армани Приве и црвен кармин кој дополнително ги нагласи нејзините сини очи и порцеланскиот тен.

„Бременоста е забавна бидејќи не мора да бидете на диета и постојано да размислувате колку калории имаат оброците. Долги прошетки, чист воздух и убава храна тоа е мојата дневна агенда“, низ смеа вели актерката во своето интервју за списанието Town & Country.

Тајлер, која е мажена со британскиот спортски менаџер Дејв Гарднер, на една од портретските фотографии зрачи во духот на стариот Холивуд, носејќи црн превез на лицето и впечатливи смарагдно зелени обетки, кои комплетно ја нагласуваат нејзината убавина.

Фотографот Пол Ветерел го користи специфичниот изглед на Тајлер за повторно да го оживее златното доба на Холивуд, а неговиот фокус се гламурот и грациозноста на дивите од тој период. Импресиониран од стилот во тој период фотографот ја слика Тајлер облечена во розов фустан и ракавици во истата боја декорирани со раскошно кристална алка.

Во моментов Лив е актуелна со телевизиската серија „The Leftovers“(Остатоци) која се емитува на HBO.

„Навистина ми се допаѓа работата со колегите на овој телевизиски проект. Си купив и нова куќа, а ќе добијам и бебе. Работите полека си доаѓаат на свое место и се она за што моето срце копнееше се оствари. Оние кои ме познаваат знаат дека не би знаела што друго да посакам“, открива ќерката на легендарниот рокер Стив Тајлер -  фронтмен на групата Аеросмит.

Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Сцена