Бремената Меган Маркл блесна во црна светкава креација во Лондон

20 ноември 2018

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл веќе подолго време е во центарот на вниманието поради бременоста, а вчеравечер во Лондон се појави во уште едно прекрасно издание.

За хуманитарниот настан Royal Variety Performance, таа одбра црно – бела креација составена од долго здолниште и светкав црн корсет украсен со бели ливчиња како апликации.

Креацијата беше дело на германската дизајнерка Даниела Карнутс која е позната по нејзиниот бренд Сафија лоциран во Лондон.

Како и секогаш, таа имаше едноставна, но совршена шминка и фризура, сосема соодветна за изборот на креација.

Таа го очекува првото дете со принцот Хари најверојатно на пролет, а таа постојано е актуелна со фантастичните комбинации што ги прави.

На настанот таа се дружеше со присутните, а се запозна и со членовите на популарниот британски бенд Take That и актерите од хит мјузиклот Хамилтон пред да заминат во „кралската кутија“ за да ги проследат сите настапи.

Инаку, секоја година парите од шоуто одат кај артисти од цела Британија на кои им се потребни средства за продолжување на нивната кариера.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
20 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.958 пати