Британците ја изгласаа дамата со беспрекорен стил за 2013-та

30 декември 2013

Секоја година во Велика Британија се организира гласање, по кое се прогласува и жената со најдобар вкус за мода за годината што изминала. Веќе трета година по ред титулата ја зема принцезата Кејт Мидлтон. Дека таа секогаш изгледа беспрекорно се согласија 2000 жени што учествуваа во анкетата. Сајмон Коминс кој ја спровел анкетата вели дека принцезата може да ја инспирира било која просечна жена. Уште неколку убавици на кои Британците се воодушевуваат се водителката Холи Вилоуби, а на листата се и Бијонсе и Шерил Кол, кои се на третото и четвртото место од листата.

 

Манекенката Еби Кленси исто така е една од најмодерните, местата подолу според гласањето, заземаа и Анџелина Џоли, Никол Шерзингер, додека пејачката Адел оваа година се пласираше на 14-то место. Викторија Бекам и популарната манекенка Кара Делевињ на листата ја заслужија деветтата позиција. За 42% од испитаничките познатите и згодни жени претставуваат инспирација. Од друга страна околу 18% децидно се споредуваат со славните модни икони.

 

Објавено:
30 декември 2013
Категорија: 
Сцена