Британска актерска инвазија за мартовското издание на Венити Фер!

4 февруари 2015

На насловната на 21 – то издание на магазинот Венити Фер, по кој знае кој пат Ени Лебовиц направи фасцинантна фотографија со некои од најактуелните актери во моментов.

Она што е особено интересно е дека за насловната и едиторијалот за мартовското издание на магазинот, речиси половина од актерите се со британско потекло.

Сиена Милер Сиена Милер

На фотографијата во неверојатно гламурозни и раскошни изданија ќе ги видите Риси Витерспун, Еди Редмејн, Ченинг Татум, Ејми Адамс, Сиена Милер, Бенедикт Камбербач, Фелисити Џонс, Дејвид Ојелово, Оскар Ајсак и ѕвездата на Whiplash, Мајлс Телер.

Ејми Адамс и Риси Витерспун Ејми Адамс и Риси Витерспун

Прекрасните актерки носат извонредни тоалети во неколку нијанси на златна боја, додека во центарот на вниманието е шармантната и исклучително талентирана британска актерка Фелисити Џонс.

Фелисити Џонс Фелисити Џонс

Тимот стилисти на магазинот одлучи момците овојпат да бидат вистинско олицетворение на елеганција, па за секого одбра совршено скроени смокинзи.

„Ќе ни бидат потребни можеби и две изданија за да ја овековечиме британската инвазија од талентирани актери што се случува во моментов“, посочија од тимот на магазинот.

Ени Лебовиц Ени Лебовиц

Фотографиите ги направи легендарната Ени Лебовиц која досега има соработувано со магазинот на речиси сите изданија поврзани со Холивуд, освен на три од лансирањето на холивудскиот број на магазинот прв пат лансиран во 1995 – тата година.

„Се обидовме да создадеме едно чувство на интимност, токму затоа е таква и нивната распореденост на фотографијата“, посочи фотографката.

Еди Редмејн и Сиена Милер за време на паузите... Еди Редмејн и Сиена Милер за време на паузите...

Целосното мартовско издание на Венити Фер посветено на Холивуд, ќе биде достапно веќе од утре.

Објавено:
4 февруари 2015
Категорија: 
Сцена