Call My Agent! Серијата која не ја гледате, а би требало!

27 јануари 2021

Веројатно не ви паднало на памет или имате долга листа на серии кои треба да ги погледнете или од бомбардирање со Бриџертон го гасите Нетфликс уште пред да почнете да гледате, но серија која дефинитивно треба да ја погледнете е Call My Agent! (Dix Pour Cent на француски)

 Станува збор за француска комедија-драма, а четвртата (и за жал последна) сезона пред некој ден беше пуштена на Нетфликс. Шоуто се врти околу динамичните животи на неколкумина јуниор и сениор шоу-бизнис агенти. Измислената агенција го носи името ASK и е сместена во Париз, а во серијата се појавуваат речиси сите фантастични имиња од француската кинематографија, од Шарлот Генсбур, преку Џулиет Бинош до Исабел Хуперт.  

Но, без разлика на филмските великани, она што ѝ дава живот на серијата се токму главните ликови на агентите и нивните интересни животи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dix Pour Cent (@dixpourcent)

Преку ликот на опасната и жестока Андреа (Camille Cottin) се прикажува сликата на амбициозна жена која жонглира меѓу кариерата и мајчинството. Во серијата се јавува и драгиот и симпатичен Габриел (Grégory Montel), надежната и млада Камил (Fanny Sidney) и строгиот Матијас (Thibault de Montalembert).

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dix Pour Cent (@dixpourcent)

Во серијата на многу комичен и саркастичен начин е прикажана другата страна на гламурозниот филмски живот: снобизмот на ѕвездите, сплетките и интригите меѓу ѕвездите и агентите, потенцијалот кој тлее и чека да биде откриен.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dix Pour Cent (@dixpourcent)

Без да ви го уништиме крајот на серијата, она што треба да знаете е дека креаторот на истата, Fanny Herrero неодамна ја напушти продукцијата, тотално во стилот на ASK, со што се дава еден сосем нов пресврт во динамиката на четвртата сезона. Крајот е премногу фокусиран на појавувањето на Сигурни Вивер, а недоволно на приватните животни на агентите, што помалку е разочарувачки. Но, кога ќе размислиме подобро, кога крајот на некоја серија бил задоволувачки?! Би требало да трае вечно, а уметноста е во тоа да знаеш кога да ставиш крај!

Објавено:
27 јануари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
347 пати