Целото внимание на Рири на карневалската парада на Барбадос

8 август 2017

Ријана е поголема сензација и од самиот карневал на Барбадос.

Ѕвездата секоја година присуствува на традиционалната летна карневалска парада на родниот Барбадос и традиционално секоја година таа е центарот на светското внимание.

И оваа година не беше исклучок. Особено низ медиумите се коментираше за тоа дека во бикините што Рири ги облече како дел од карневалскиот костим очигледно инспириран од костимите на Victoria's secret, видливо се забележуваат неколкуте килограми плус, за кои Ријана баш и не е загрижена (за разлика од медиумите што ја коментираат).

Промената на бојата на косата специјално за овој настан стана дел од нејзиниот карневалски имиџ, а годинава соодветно на костимот, одбра впечатлива зелена нијанса.

Инаку периодов Ријана е актуелна со нејзината улога во новиот блокбастер „Valerian and the City of a Thousand Planets", а заедно со нејзината колешка од филмот Кара Делевињ, се главните ѕвезди со нивните драматични комбинации на црвениот килим на светската промотивна турнеја.

Фото извор: Dailymail

 

Објавено:
8 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.994 пати