Чена Мачадо: Денешните манекенки може да сонуваат да бидат како оние од порано!

2 септември 2013

Чена Мачедо е кинеска манекенка која сега има 83 години и портфолио на кое може да и завидат сите манекенки во денешно време.

-Кога јас работев како манекенка, моравме да знаеме се за облеката. Требаше да знаеме како да се движиме, за разлика од денешните манекенки што доаѓаат буквално од улица без никакво претходно искуство, ги облекуваат креациите и директно се на писта. Кога јас бев една од првите лица од ревиите на Живанши, креациите се изработуваа облечени на нас, а ние бевме горди што ги носиме и затоа  ги презентиравме на писта сосема поразлично, објаснува Чена.

Освен работата со Живанши, оваа манекенка стана популарна и по соработката со фотографот Ричард Аведон, кој ја фотографираше за насловна страна на познато модно списание во 1959 година.

Cosmopolitan magazine 1962 Cosmopolitan magazine 1962

-Речиси и немав слободен ден, постојано патував до Њујорк за да се фотографирам за познатиот американски бренд Кол Хаан. Постојано ги чекав викендите за да наминат моите пријатели, колку да можам да се социјализирам на поинаков начин. Значи, манекенството ми беше се во животот за што јас давав комплетна жртва, раскажува Мачедо.

Таа е среќна што може да ги сподели тајните за нејзиното здравје и убавина, кои ги научила за време од седум децении во модната индустрија.

Fashion Magazine Fashion Magazine

-Не смеете да се грижите а годините, тоа е нешто најлошо. Ако почнете тоа никогаш нема да заврши. Секогаш ќе си наоѓате по некоја маана и затоа мора да се прифатите онакви какви што сте. Секоја година во животот си носи своја убавина, тоа е мојата клучна тајна што ме освежува секој нов ден, изјавува Чена.

Една од нејзините навики е задолжителен попладневен одмор.

-Тоа е уште една од тајните за убавина и здравје. Ако не можете да дремнете, едноставно истегнете ги нозете и опуштете се два-три часа, за мене тој одмор претставува еликсир на убавината и здравиот дух, вели Мачедо

Објавено:
2 септември 2013
Категорија: 
Сцена