Чии се овие чевли: Хуманитарна акција на познатите

26 ноември 2013

poznati

Британската организација „Small step project“ на петти декември ќе организира онлајн аукција на обувките на познатите личности. Приходите од продажбата ќе бидат наменети за загрозеното население во Камбоџа, Никарагва и Романија.

Меѓу познатите донатори на обувски се и Мадона, Џорџ Клуни, Кевин Спејси, Сиена Милер...

Ретко кој може да почувствува како е да се биде во кожа на позната личност. Освен што оваа акција ќе им овозможи помош на оние на кои им е најпотребна, таа и ќе им даде можност на најхуманите да видат како изгледа да се носат чевли од јавни личности. Инаку, еден чифт чевли е доволен да се набават дури 200 хуманитарни пакети.

Во продолжение погледнете ги колажите и без да ги прочитате одговорите, обидете се да погодите кои чевли на која славна личност припаѓаат.

cevli

 

Елтон Џон - 3

Дејв Гахам - 7

Жерар Пике - 4

Џорџ Клуни - 1

Кевин Спејси - 5

Крис Мартин - 8

Мадона - 6

Сиена Милер - 9

Тејлор Сфивт - 2

 

Објавено:
26 ноември 2013
Категорија: 
Сцена