„Црниот пантер“ доминира на свилена територија

15 јануари 2015

Изгледа дека времето запрело за „црниот пантер“, кој продолжува да нижи нови насловни страни и едиторијали, а последниот во низата е за украинскиот магазин L'Officiel. Со тело на кое може да и позавидат сите помлади девојки, Наоми Кемпбел продолжува со нови модни ангажмани. Овој пат за потребите на магазинот, еден од најпознатите супермодели на деведесеттите години, позира пред објективот на фотографот Ан Ли во парчиња од Живанши, Том Форд, Фенди и други модни куќи.

Во продолжение погледнете ги фотографиите кои се дел од содржините на јануарскиот број на магазинот L’Officiel.

Објавено:
15 јануари 2015
Категорија: 
Сцена