Црвениот килим е највлијателната модна писта!

27 ноември 2014

Покрај тоа што изминатата година таа беше во центарот на вниманието поради нејзиниот одличен филм „12 години роб“ и доби една од најпрестижните филмски награди Golden Globe, Лупита Нјонго дефинитивно беше и кралица на црвениот килим.

Нејзиното тајно оружје? Запознајте ја исклучителната Микаела Ерлангер, стилистката која што стои зад секоја комбинација на актерката. Ако во овој момент се прашувате дали токму Микаела го одбра и волшебниот син Прада фустан кој што остана запаметен како еден од најубавите во историјата, одговорот е да!

Во свет во кој секое јавно појавување е од голема важност, вистинска реткост е актерка во подем како Лупита, да одбере млад стилист без многу искуство. Но, очигледно таа има и повеќе од одлична интуиција, со оглед на тоа што откако тие двете почнаа соработка, Лупита немаше ниту едно стилско промашување. Не само што таа фасцинираше со изборот каде и да се појави, туку доби и престижна награда како една од најдобро облечените жени во Vanity Fair.

Како што појаснува и самата стилистка за Vanity Fair, клучот на успехот е во преземањето ризици и разгледувањето постојано на нови можности.

„Никогаш не плашете се да пробувате нови работи. Познатите личности речиси секогаш сакаат на црвениот килим да носат креации од веќе познати и афирмирани дизајнери, а многу малку од нив се одлучуваат за оние помалку познати кои навистина имаат што да понудат“, вели Микаела.

Она што таа постојано го повторува, е дека црвениот килим е новата модна писта, а останува на талентираните актерки да му покажат на светот различни, нови модни избори.

Микаела Ерлангер Микаела Ерлангер

Објавено:
27 ноември 2014
Категорија: 
Сцена