Во Лос Анџелес вчеравечер се одржаа годинашното издание на BET Awards ( Black Entertainment Television), манифестација каде се наградуваат пред сè успешните Афроамериканци во различни области.

Најмногу номинации годинава имаше Бијонсе, вкупно седум, а освои пет награди, меѓу кои и оние за најдобар албум и најдобро видео. Ѕвездата која неодамна роди близнаци, секако не беше присутна на манифестацијата.

Бруно Марс, кој имаше пет номинации, си замина дома со две награди, а имаше и одличне перформанс на сцената.

извор: Billboard.com

Кендрик Ламар е најдобриот хип-хоп артист, Тараџи Пи Хенсон е најдобрата актерка, а оскаровецот Махершала Али е прогласен за најдобар машки актер. Спортистка на годината е Серена Вилијамс, а спортист Стефан Кури.

Комплетната листа на наградени можете да ја погледнете тука.

А кога е црвениот килим во прашање, гламурозноста која сме навикнале да ја гледаме на останатите шоу-а од ваков тип можеби изостануваше, што не значи дека афроамериканските ѕвезди не привлекоа внимание.

Голем број од нив покажаа смелост и провокативност наспроти оние што покажаа скромност и сигурен избор во модните комбинации.

Амбер Роуз; фото извор: eonline.com/Bennett Raglin/Getty Images

Имаше и такви кои се одлучија за креации со етно-елементи, а има и такви, како на пример Амбер Роуз, кои не покажаа апсолутно никаква креативност или новитет во своето појавување. Погледнете ја галеријата погоре и проценете сами.

 

Објавено:
27 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
666 пати