Во Лос Анџелес вчера се одржа 69-тото издание на наградите „Еми“. Кога се наградите во прашање, тоа беше вечер на која триумфираше „Приказната на робинката“ (The Handmaid’s Tale), која победи во пет категории меѓу кои и награда за најдобра серија драма, најдобра режија, Елизабет Мос ја доби наградата за најдобра актерка, додек Ен Доуд за најдобра споредна актерка (за која беше крајно изненадена).

Инаку, серијата е снимена според романот на МАргарет Атвуд, во која е прикажан дистопискиот свет во кој се укинуваат женските права и тие стануваат „предмети“ кои служат за раѓање на деца.

Ова беше голема вечер и за серијата „Големи мали Лаги“ (Big Little Lies), која исто така освои пет награди, меѓу кои и за најдобра мини серија, а и Никол Кидман и Лора Дерн дома си заминаа со статуетки.

И Џулија Луис Драјфус имаше причина за славење. Таа петта година за пред е победник во категоријата најдобра актерка во комедија и со тоа влезе во историјата. Серијата „Заменик претседател“ (Veep) е трета година по ред најдобра комедија.

Ова 69-то издание беше и во знакот на политиката. Водителот Стивен Колбер не прошушто да испрати политички поради до Доналд Трамп.

Во таа насока беше и изјавата на Алек Болдвин кој ја освои наградата за најдобар спореден актер за имитирањето на Трамп во Saturday Night Live.

„Конечно господине претседателе, еве го вашето Еми“, рече Болдвин, алудирајќи на изјавата на претседателот дека требал да освои „Еми“ за неговото шоу „Кандидатот“ односно The Apprentice).

Комплетната листа на наградени ја имате ТУКА.

Кога е модата во прашање пак, сите модни медиуми се согласија дека ваков црвен килим одамна немало. Тоа беше вистинско лускузно модно шоу.

Зак Посен очигледно е еден од најбараните кога се вакви случувања во прашање, па дури седум актерки се појавија во негови креации.

Големо внимание имаше и околу Софија Вергара, која повторно блесна во бела креација на Марк Занино. Иако, проверена формула – сирена крој, таа со начинот на кој на носи и кокетноста што има има во себе, одново успева да ги освои сите симпатии.

Никол Кидман беше прекрасна дама во црвена креација на „Калвин Клајн“, додека нејзината колешка од серијата, Зои Кравиц се појави во интересна креација од пердуви на „Диор“.

Хајди Клум ја има и во листите за најдобра и во листите за најлошо облечени ѕвезди, а тоа значи дека целта е постигната. Моделот се појави во креација на „Дандас“, црвена и смела.

И ако досега најчесто сме можеле да извлечеме една доминантна тенденција на црвениот килим на некоја манифестација, овој пат имаше изобилство на бои, ткаенини, кроеви и модни решенија, што го направи и толку зборуван и утрото потоа.

Како и на секоја гламурозна манифестација, и „Еми наградите“ имаа својата забава по официјалниот дел, каде дел од ѕвездите уште повеќе го истакнаа својот сексапил

Сите креации од црвениот килим погледнете ги во почетната галерија, додека оние од забавата, како и најинтересните моменти, ги имате во продолжение:

 

 

фото извор: eonline.com; popsugar.com; dailymail.co.uk;

Објавено:
18 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.260 пати