Дајан Китон е ѕвездата во новиот спот на Џастин Бибер

8 октомври 2021

Џастин Бибер неодамна го објави спотот за песната „ “, и веднаш го привлече вниманието на јавноста, благодарение на личноста која се наоѓа во него.

Имено, оскаровката Дајан Китон ја гледаме во спотот како негова баба. По смртта на дедото, Бибер се поврзува со својата баба, а ние гледаме како се одвива таа приказна.

Китон за „Вог“ изјави дека Бибер ја поканил и веднаш прифатила: 

„Мислам дека песната е прекрасна.  Уживав додека го снимавме, навистина беше забавно. Целиот мој живот сум актерка, и имав текст кој треба да го научам, понекогаш и морав да ги изменам, но ова беше навистина релаксирачки. Никој досега не ми понудил да направам нешто вакво, па оттаму беше и толку забавно“, вели 75-годишната актерка.

А во продолжение погледнете го и крајниот резултат:

 

 

Објавено:
8 октомври 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.073 пати