Дакота Џонсон во главната улога: Ќе се снима „Убедување“ од Џејн Остин во продукција на Нетфликс

21 април 2021

По сè изгледа дека на светот му е потребна уште една адаптација на книга од Џејн Остин во филм, овој пат на Нетфликс. 

Станува збор за книгата „Убедување“, а главната хероина и' припадна на Дакота Џонсон.Ѕвездата од серијалот за Кристијан Греј, ќе сoрабoтува со театарската британска режисерка Кери Кракнел.

Според Нетфлик, содржината ќе се придржува до книгата, но ќе и' биде даден модерен и итар пристап.

Главниот лик во приказнатабе Ен Елиот, чие семејство е ставено на работ на банкрот, а во нејзиниот живот се враќа млад господин чија понуда за брак веќе еднаш ја одбила. Сега Ен е во недоумица дали да го остави минатото зад себе или да го слуша своето срце кога се вторите шанси во прашање.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by(@thestarrybibliophile)

Објавено:
21 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
483 пати