Дакота Џонсон во мал црн фустан на „Версаче“

30 јануари 2018

Дакота Џонсон вчера беше гостинка во емисијата на Џими Фелон. Темата секако, беше третото продолжение на „50 нијанси сива“ односно „50 нијанси ослободени“. 

Но, она што го привлече вниманието на модните магазини е изгледот на Дакота. Актерката ретко кога се појавува во куси фустанчиња, па ова за многумина беше изненадување.

Таа за оваа пригода носеше црн краток фустан од „Версаче“ со златни копчиња во предниот дел и вкрстени ленти кај рамениците.

Кога се обувките во прашање, изборот се сандали на платформа и широка висока потпетица. Без накит и со брановдина пуштена коса, оддаде впечаток на природност и лежерност.

Како вам ви се допаѓа комбинацијата на Дакота?

Објавено:
30 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
497 пати