Со неговото тело и неверојатните сини очи, воопшто не е тешко да се поверува дека Дејвид Ганди е најплатениот машки модел на светот.
Покрај тоа што тој е еден од најубавите и најзафатени мажи на светот, Дејвид слободното време постојано го посветува на хуманитарни кампањи, а последната во низата е онаа за Marks & Spencer.
Досега, тој има учествувано во бројни кампањи за брендот, а дури има дизајнирано и цела линија на долна облека и костими за капење за светскиот гигант.
Неодамна, тие ги здружија силите за да им помогнат на децата од Maria Fidelis училиштето во Камден, каде заедно со нив ги реновираа тамошните училници.
„Со текот на времето научив дека секоја донација е важна за луѓето на кои им ја донираме, без разлика за колкава сума се работи. Многу ми се допаѓа идејата на здружување на луѓето за да можеме да им помогнеме на оние на кои најмногу им треба. Денеска, покажавме што сѐ може да се направи за период од 24 часа“, изјави новиот амбасадор на брендот.
Дејвид, светската слава ја стекна како модел и заштитно лице на Долче и Габана со кои работи изминатите неколку години.
Со овој проект, тој уште еднаш докажа дека покрај тоа што е еден од најзгодните и најплатените модели на светот, хуманитарната работа е нешто што тој постојано го става на дневен ред.