Дали е на повидок нова романса: Бредли Купер и Џенифер Гарнер фотографирани заедно на плажа

7 август 2020

Обична пријателска дружба или можеби на повидок нова холивудска романса, деновиве светските медиуми наголемо пишуваат за фотографиите на кои актерот Бредли Купер е во друштво на актерката Џенифер Гарнер, а заедно со нив е и неговата тригодишна ќерка Леа де Сејн, на една од плажите во Малибу. И притоа делуваат навистина среќно во заедничко друштво.

Овие фотографии се надоврзуваат и на веста дека Гарнер неодамна ја раскина врската со Џон Милер со кој беа заедно две години, што уште повеќе ги загрева шпекулациите.

Двајцата актери одамна се пријатели и заедно имаат соработувано на низа проекти, а и претходно нивната релација била на тапет во жолтиот печат со шпекулации за можна романса.

Дали овие фотографии се навестување за нешто повеќе од пријателство, останува времето да покаже.

Инаку Бредли Купер минатата година ja прекина врската со топ моделот Ирина Шајк, со која останаа во добри односи и заедно се грижат за нивната ќерка. Сето тоа беше проследено со бурни рекации во јавноста дека прчината за тоа е Лејди Гага, со која актерот имаше прекрасна хемија на филмското платно за блокбастерот „A star is born". Но, се покажа дека хемијата е сепак само меѓу двајца пријатели кои одлично ги одиграле своите улоги.

Фото: Daily mail

Објавено:
7 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.738 пати