Дали во модата сè е простено: Кајли Џенер и вештачката глава од лав на ревија на Скијапарели

23 јануари 2023

Велиме дека креативноста на познава граници, а тоа важи и за модата. Но, што ако наидеме на нешто што можеби ќе ни го смени ова мислење?

На последната Haute Couture ревија на Скијапарели, за сезоната пролет/лето, Кајли Џенер ги украде сите погледи. Ријалити ѕвездата се појави во тесен црн фустан што ги отсликуваше нејзините облини, кои овој пат не беа во преден план.

Кајли на предниот дел на фустанот, како додаток или нешто слично, носеше вештачка глава од лав. И сега ќе се запрашаме, дали во модата сè е простено?

Без разлика што косата и шминката ѝ изгледаа беспрекорно, луѓето едноставно не можеа да ја тргнат главата од лавот. Кајли можеби за прв пат се засени самата себе.

Уште поневеројатно беше, што најмладата милијардерка во светот го промовираше овој фустан на Скијапарели, пред истиот да биде виден на ревијата, прошетан од Ирина Шајк.

И за да не биде Кајли сама во сето ова шоу, тука се појави и Доџа Кет за која штоне сме сигурни што и кого преставуваше со целосно црвената креација и обоено лице.

Еве вака некако.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @cr7vogue

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @cr7vogue

Фото: Instagram

Објавено:
23 јануари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
465 пати