Даниел Крег доби ѕвезда на Патеката на славните

7 октомври 2021

Најновиот филм за Џејмс Бонд „No Time To Die“ е веќе и во македонските кина, а главниот актер Даниел Крег пред премиерното прикажување доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.

Елегантен, во пастелно син костум и црна вратоврска, Крег изгледаше одлично и доминантно, како што и се очекува од некој што го толкува ликот на најпознатиот филмски агент.

Екипата од најновото остварување исто така присуствуваше на овој за него значаен момент, давајќи му поддршка, посочувајќи дека заслужено се наоѓа на оваа патека.

Погледнете како изгледаше:

 

 

А во продолжение можете да ја видите и видео-снимката:

 

Објавено:
7 октомври 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
287 пати