Откако на последната ревија во првите редови се најдоа во моментов најактуелните деца на познатите, сосема очекувано беше дека следната кампања на Долче и Габана ќе биде токму со нив.

Кампањата за следната пролет/лето сезона Доменико и Стефано ја посветија на многу теми, почнувајќи од раскошните симболи на нивната родна Италија, тропските принтови, но и некои нови лица кои се сосема поразлични од оние на кои се навикнавме.

Многумина ги нарекуваат „Millennials“ или млади и кул деца, во случајов, со познати родители. Снимањето се одржа овој викенд на Сицилија, а одличните фотографии можевме да ги видиме на Инстаграм профилот на познатиот бренд.

Главните улоги во кампањата се талентираната пејачка Зендаја, поранешната девојка на Бруклин Бекам Соња Бен Амар, синот на Синди Крафорд, синот на Памела Андерсон, Раферти Ло, синот на актерот Џад Ло и уште многу други.

Токму овој специфичен избор ја открива новата целна група на брендот која се чини станува сѐ попопуларна.

Целата кампања ќе можеме да ја видиме за некој месец, а засега уживајте во фотографиите објавени од брендот и прекрасната италијанска атмосфера.

Објавено:
25 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.518 пати