Дејвид Бекам е најдобриот татко на светот!

18 јуни 2018

Викендов социјалните мрежи се „стопија“ кога Уницеф објави видео во кое нивниот амбасадор Дејвид Бекам говори за неговите деца и малите работи во кои уживаат секојдневно.

По повод „Денот на татковците“, во видеото тој говори за тоа како ужива да станува навечер за да ги провери неговите деца, како ја носи Харпер на училиште, им готви појадок и постојано се грижи за секој од нив.

„Милам дека ништо не може да ве подготви за грижата што ве чека. Кога имате деца, од моментов кога ќе се родат, постојано се прашувате дали се добро. Одите и ги проверувате секоја вечер по неколку пати, а истото ќе го правите и кога ќе пораснат“, вели тој, посочувајќи дека сè уште го проверува и најголемиот син, Бруклин кој има 19 години.

Вели дека една од најинтересните работи е како времето брзо минува.

„Во еден момент ги држите во раце во болница, а следната минута веќе возат автомобил. Но, тоа е нешто многу посебно. Никогаш не би сменил ништо од ова“, вели тој во видеото.

Таткото на четири деца вели дека едноставните работи го прават животот убав.

„Станувањето наутро и правењето појадок за нив пред да се разбудат и уживањето во нивното друштво, колку и да се ненаспани. Обожавам да ја носам и Харпер на училиште“, вели тој.

Тој вели дека не секој родител може да си го дозволи тоа и тоа е една од работите кои тој како амбасадор на Уницеф сака да ја промени.

„Сакам сите родители да можат да ги пораснат децата во здрава и безбедна околина. Навистина, тоа е една од работите што сакам да ги променам побрзо“, вели Бекам.

Неговата сопруга го сподели ова и неколку други видеа на нејзиниот Инстаграм профил, со кои му го честита Денот на татковците и уште еднаш потврди колку нивните деца го обожаваат.

Објавено:
18 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.860 пати