Дејвид Бекам и неговата ќерка Харпер беа работници на фарма на еден ден

27 октомври 2020

Дејвид Бекам и неговата ќерка Харпер неодамна поминаа еден ден во комплексот „ Cotswold Wildlife Park& Gardens“ во Бурфорд, но не (само) како гости.

Имено, во комплексот има и фарма, како и мала Зоолошка градина, а познатиот спортист и 9-годишната Харпер им помагаа на вработените околу грижата за просторот, а пред се' животните.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) onOct 22, 2020 at 11:10pm PDT

 

Расчистување на ѓубрето, хранење на животните, берење производи беа само дел од задачите кои овие двајца ги имаа. На Харпер ѝ беше „доделен“ ѝ елек „Јуниор чувар“, а од кратките видеа и фотографиите што Дејвид ги споделуваше на Инстаграм, неговата ќерка одлично се снаоѓа во улогата.

Фотографијата на која Харпер држи измет во раката, со порака од Дејвид дека тоа е подарок за мама Викторија Бекам, насмеа многумина.

Некогашниот фудбалер на „Манчестер Јунајтед“ изјави дека поминале еден неверојатен ден и дека одлично си поминале.

„Секако дека ги сакаме своите деца и ги чуваме, но исто така сме и строги родители. Сакаме да им го приближиме колку што е можно повеќе, начинот на кој ние сме пораснале. Мора да ги научите на манири, да имаат граници, а нашите деца дефинитивно го имаат тоа. Навното растење е многу поразлично од нашето и секогаш постои тој фактор на страв... Мислам, од првиот ден кога ќе станете родител, почнува константна грижа. Родителството е најубавата работа на светот, но вие го „носите“ детето во свет каде што морате да го заштитите. Тие се привилегирани и имаат прекрасен живот и сакам да го заштитам тоа и да ги заштитам нив од се' што се случува надвор од семејството“, вели Бекам.

Сепак, со оваа „екскурзија“ со Харпер, сака да ѝ укаже на физичката работа, да ги почитува и цени работите, да развива љубов кон животните, да учи нови работи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) onOct 20, 2020 at 9:08am PDT

 

Објавено:
27 октомври 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
241 пати