Дејвид Бекам изгледа неверојатно жешко на снимањето на новата реклама за H&M

2 октомври 2013

Еден од најзгодните мажи на денешницата Дејвид Бекам уште еднаш им направи проблеми на девојките, соблекувајќи ја својата маица и шетајќи по долна облека за новата реклама на H & M.

Таткото на четири деца, на снимањето на новата реклама изгледаше сосема смирено и самоуверено додека позираше во неколку различни комбинации.

Бекам, 38, ја покажа и својата нова тетоважа на десната рака каде го имаше испишано името на својата жена Викторија со што уште еднаш ја покажа огромната љубов кон неа.

Но, дека таа љубов е взаемна сведочи и едно интервју на Викторија во кое таа изјави:

„Мислам дека тој е толку совршен, што луѓето и да сакаат да најдат нешто лошо кај него, едноставно нема да можат. Едно утро кога излегов од туширање го најдов како седи на крајот на креветот без ниту едно парче облека на себе. Со сите негови тетоважи, со совршеното тело, без никаква фризура. Тој едноставно изгледа добро во секое време“, изјави неодамна Викторија.

Објавено:
2 октомври 2013
Категорија: 
Сцена