Дејвид Бекам изненади 70-годишен пензионер обожавател на „Ливерпул“

15 април 2020

Иако, како и остатокот од светот, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам е во изолација со своето семејство, сепак се согласи на инцијативата на организацијата “Age UK“ да изненади 70- годишен пензионер кој живее во едно село во Оксфордшир и воедно е обожавател на лутиот ривал на „Манчестер Јунајтед“, „Ливерпул“.

Неговото име е Дејвид Робертс. На него и неговото семејство им било најавено да очекуваат посета од „многу позната личност“, но никој не можел ни да претпостави дека тоа ќе биде Бекам.

Инаку, Робертс три години се бори со ракот, живее со неговата сопруга и возрасен син, и вели дека ова изненадување, колку е за него, толку е и за нив.

„Тие се грижат постојано за мене. Во декември имав операција, од која се уште закрепнувам, со помошта и поддршката од семејството и пријателите, каде спаѓаат и соседите, колегите од работа... И не само сега, туку и во изминативе три години, така што тие не заслужуваат помал третман и изненадување од мене“, вели 70-пензионер.

Почитувајќи ги препораките за дистанцираност, Бекам и Робертс разговарале на повеќе теми:

„Бекам е прекрасно момче. Зборувавме за тоа што ќе се случува со фудбалот оваа сезона, за Манчестер Јунајтед и за мојата приврзаност кон „Ливерпул“. Исто така, имаше подароци и за мене и за моето семејство“, сподели Робертс.

 

Објавено:
15 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
487 пати