Деми Ловато – гола, без шминка и фотошоп

5 октомври 2015

Многумина веројатно се изненадија на веста дека пејачката Деми Ловато одлучи да се слика за Vanity Fair сосема гола.

Но, она што е уште поинтересно е што Ловато имала три услови за фотосесијата – да биде комплетно без шминка и фотографиите да не се фотошопираат.

Нејзиниот нов албум насловен како Confident ќе биде промовиран на 16-ти октомври, но тоа не е причината, или макар не единствената поради која Деми се одлучи за ваква фото-сесија.

Прадедото на младата ѕвезда, Бади Мур, почина неодамна. Со оглед на тоа дека тој е еден од најважните личности во нејзиниот живот, нејзиниот тим и луѓето околу неа биле загрижени како ќе го преброди тешкиот период.

Сепак, Ловато одлучила тагата да ја преточи во уметнички фотографии, со кои сака да пренесе порака.

-Ако постои нешто што го научив изминативе денови, тоа е дека животот е премногу краток. Наскоро ќе лансирам албум кој навистина го отсликува она што навистина сум. Како ќе му пријдам на новото поглавје во мојот живот? Како навистина чекорам по патеката? Што значи да се биде самоуверен? Тоа значи да ги пуштиш работите сами да се одвиваат, да бидеш автентичен, да не ви е гајле за сè друо и да кажете: „Ова сум јас!“. Сакам да ја прикажам мојата реална страна, ослободената, онаа слободната. Што ако направиме фотографии кои се комплетно „сирови“? Супер-секси, но без шминка, без фенси осветлување, фотошоп и облека. Ајде да го направиме тука и сега – објасни пејачката како дошла на идеја за оваа фото-сесија во реализација на Vanity Fair.

Зад фотографиите се потпишува Патрик Еклесин, а открива дека на сетот присуствувале само тој, Деми и нејзиниот асистент.  Сесијата се одвивала во хотелска соба, во комплетна тишина, а комуницирале преку суптилни гестикулации.

-Ловато речиси никогаш не позирала гола, па морав да имам комплетна почит кон она што го правиме. Кога завршивме во три часот наутро, таа ме прегрна и ми се заблагодари што сум направил да се почувствува убава. Јас ѝ заблагодарив на довербата – раскажува Патрик.

Резултатот го гледате во галеријата, а во продолжение погледнете го и искреното видео:

 

Watch this on The Scene.
Објавено:
5 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.590 пати