Демна Гвасалија си оди од Ветементс: Ја остварив својата цел!

17 септември 2019

Популарниот дизајнер Демна Гвасалија кој дефинитивно ја промени модата откако се појави на сцената, го напушта брендот Ветементс што го лансираше заедно со неговиот брат Гурам.

За кратко време, во 2014 – тата година тој стана омилен дизајнер на популарните дами ширум светот, кога им ја претстави колекцијата блузони со иронични натписи и ги продаваше за повеќе од 800 долари по парче.

harpers_bazaar

Неговиот брат Гурам за WWD ја потврди веста дека Демна заминува од брендот, без да потенцира каде ќе го продолжи патот и дали некој ќе го замени.

„Она што Демна го постигна изминатите години во Ветементс претставува клучно поглавје во историјата на брендот“, коментираше Гурам за заминувањето на неговиот брат.

Во изјава за WWD Демна посочи дека го направил сето она што првично планирал и дека заминува поради тоа што ја остварил неговата мисија.

hypebae

„Го лансирав Ветементс поради тоа што ми здодеа модата и искрено морам да кажам дека истата навистина се смени откако се појавивме. Мислам дека ја остварив мојата мисија како иноватор. Ветементс созреа во компанија која може да го искористи сето креативно наследство за отпочнување на ново поглавје“, додаде дизајнерот за магазинот.

vogue

Кон крајот на месецов се очекува дизајнерот да ја прикаже новата колекција за пролет 2020 за Баленсијага во Париз, а неговите идни планови за тоа каде продолжува, сѐ уште не се откриваат.

Инфо: WWD, The Guardian

Објавено:
17 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
240 пати