Детали за раскошниот свадбен викенд на Бенифер во Џорџија

2 септември 2022

Суперѕвездата Џенифер Лопез (53) и актерот Бен Афлек (50) кои неодамна се венчаа во Лас Вегас, на своите љубители им приредија можност да погледнат во дел од интимните моменти поминати за време на раскошниот свадбен викенд во Џорџија, како и фотографии од големиот ден, преку најновиот билтен на Лопез, објавен во четвртокот.

Во билтенот таа открива дека моментот кога се појавила во венчалниот фустан пред својот сегашен сопруг Бен, сè добило смисла. „Беше неверојатно тешко да се поверува, беше како најдобриот сон во кој се наоѓа сè што сакате и посакувате никогаш да не се разбудите", напиша таа.

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk

Пред церемонијата, Лопез откри дека цела недела имале врнежливи зајдисонца и сите биле загрижени за топлината, како и веројатноста за невреме. Но, и покрај грижата за „неочекуваните неуспеси", Лопез открива дека ниту за момент не се посомневала дека венчавката е правиот избор.

Фото: dailymail.co.uk

„Цела недела чувствував мирна и лесна сигурност дека сме во Божји раце", пишува таа. „Во 6:45 часот, во сабота, на дваесетти август, сонцето се ослободи и ги исфрли своите зраци како мали дијаманти кои танцуваа преку реката зад импровизираниот олтар во нашиот двор.

Фото: dailymail.co.uk

„Никогаш ништо не ми дало волку силно чувство дека сè е како што треба, и знаев дека конечно се смируваме на начин што можеш да го направиш само кога ќе ја разбереш загубата и радоста и кога ќе бидеш доволно пати ставен пред тест за никогаш да не ги земаш важните работи здраво за готово", продолжува таа.

Утрото откако кажа своите заклетви, парот приреди „вкусен бранч покрај езерото", во „домашен, рустикален кантри-шик" стил. За свадбениот бранч, Лопез носеше сино-бел фустан со пруги и капа.

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk

 

Објавено:
2 септември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.006 пати