Иако многумина тврдат дека е многу посрамежлива од својата сонародничка Делевињ, на Малаика и се предвидува блескава кариера за наредната 2014 година. Пресврт во нејзината кариера бил настапот на ревијата на Прада за колекцијата есен – зима 2013 година бидејќи беше првиот црномурест модел кој носел креација на оваа мода куќа од 1994 година кога тоа го направи Наоми Кемпбел.
Покрај тоа што ја сметаат за наследничка на Кара, за Малаика најголема инспирација се Тајра Бенкс и Џордан Дун, а неостварена желба и е да ја краси насловната страна на британскиот Вог. Оваа година покрај носењето на креации од Прада, соработуваше и со Бурбери и Викторија Сикрет, па токму поради тоа модните инсајдери сметаат дека наредната 2014 година ќе биде во нејзина полза.