Девојката на Ѓоковиќ рекламира костими за капење

29 јуни 2013

Таа е новото лице на кампањата на модната куќа „Figleaves“, а едиторијалот е направен на различни локации во Милано. Иако претходно со Новак снимале заеднички модни едиторијали, ова е првпат Јелена самостојно да позира пред апаратот и за оваа намена. Како пренесуваат медиумите, таа е задоволна од готовиот производ, а според коментарите, многумина се изненадени колку всушност таа изгледа добро.

На интернет е достапна новата колекција со наслов „Моето летно издание. Ве сака Јелена“.

Инаку, оваа девојка неодамна дипломираше на факултетот во Милано и моментално е директор на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.

-Хуманитарната работа не е хоби. Мојата работа е да помогнам некому, односно средствата што ми се доверени, да ги искористам на вистински начин – изјави Ристиќ во една пригода.

Со спoртистот се во врска од 2005 година.

Како вам ви се допаѓа?

Објавено:
29 јуни 2013
Категорија: 
Сцена