Тој дефинитивно е најголемиот обожавател на манекенки, па воопшто не беше чудно што на традиционалната забава на Леонардо ди Каприо на југот на Франција се појавија најубавите девојки на денешницата. 

Секоја година, актерот има различни гости, а се чини оваа најголемо внимание им посвети на неговите омилени манекенки, па така на гламурозниот список се најдоа прекрасната Доцен Крос, Лили Доналдсон, Џордан Дан, Наоми Кемпбел, ќерката на Лајонел Ричи, Софија, Констанс Јаблонски, Алесандра Амбросио и многу други. 

Софија, ќерката на Лајонел Ричи

Тој не ги заборави ниту неговите драги колеги, па дел од забавата беа и Бредли Купер, Тоби Мегваер, Кејт Хадсон, Едвард Нортон, а меѓу музичките ѕвезди се појавија и единствениот Боно, Лана дел Реј, Мараја Кери и многу други. 

Како и секоја година, така и оваа атмосферата во салата во Сен Тропе изгледа фантастично. Огромни маси украсени со прекрасни цветни декорации и огромна слика од актерот насликана од почитуваниот артист Демиен Хирст, со нежната музика на Лана дел Реј. 

Покрај гламурозната страна на забавата, секако тука беше и хуманитарната, па секој кој присуствуваше на настанот мораше да донира одредена сума на пари во организацијата на Леонардо ди Каприо, од каде се распоредуваат за различни проекти ширум светот. 

Како и секоја година, така и оваа, на забавата се случува голема аукција на неверојатно вредни предмети, меѓу кои и слики на Пикасо, на актерот кој стана сликар, Адриен Броди, предмети од филмови со Арнолд Шварценегер, состанок со Мараја Кери, но и состанок и престој во вилата на самиот Леонардо ди Каприо. 

„Во моментов, работиме и подржуваме повеќе од 112 проекти ширум светот кои се поврзани со климатската криза, еко – системите, дивиот свет и водите. Изминатата година имаше многу голем напредок. Со вашата помош, успеавме да заштитиме многу загрозени видови животни, им укажавме помош на мештаните во Азија и каде уште не. Ако работиме заедно со вас, нашите партнери, со лидерите од различни страни на светот, можеме да направиме значајни промени“, изјави актерот за време на неговиот говор вечерта. 

Од 2008 година, неговата фондација има собрано повеќе од 60 милиони долари кои се пренасочени за 112 различни проекти ширум 48 земји во светот.

Објавено:
21 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.200 пати